Во рамките на категоријата топлински пумпи, Компанијата MANEKO од Реномираниот Производител AOKOL Heat Pump Technology Co., Ltd. кој има повеќе од 20 години искуство во производство на уреди за ладење и греење и е лидер во својата категорија ви нуди два главни типа на системи : МОНОБЛОК топлински пумпи и СПЛИТтоплински пумпи.

Моноблок системите имаат една единствена единица, која содржи и компресорот и сите други потребни компоненти. Тие се лесни за инсталација и не бараат поврзување меѓу внатрешна и надворешна единица, што го прави процесот поедноставен.

Карактеристики:

  • Целосно самостојна единица: Сите компоненти се сместени во една единица, што значително ја олеснува инсталацијата и одржувањето.
  • DC инвертер и EVI технологија: Инвертерскиот мотор ги регулира перформансите според барањата, a Panasonic EVI компресорот овозможува максимална ефикасност дури и на температури до -30°C.
  • Намалена потрошувачка на енергија: Благодарение на инвертерскиот систем, овие пумпи користат минимално количество електрична енергија за одржување на саканата температура.
  • Тивка работа: Моноблок системите исто така работат со ниски нивоа на бучава, што ги прави погодни за инсталации во станбени објекти.
  • Wi-Fi контрола: Како и кај Split системите, Моноблок топлинските пумпи нудат можност за контрола преку мобилна апликација.
  • Енергетски клас: A+++ за оптимална енергетска ефикасност.
  • Лесна инсталација: Потребно е само поврзување со водоводната инсталација, што го прави системот лесен за инсталирање.

  • СПЛИТ системи: Содржат две единици (внатрешна и надворешна), бараат повеќе простор и малку посложена инсталација.
  • МОНОБЛОК системи: Имаат само една единица, што го олеснува процесот на инсталација и одржување.

Scroll to Top