МАНЕКО Иновативни решенија за ефикасно греење,ладење и вентилација
МАНЕКО
Нашата Мисија
Манеко е компанија посветена на обезбедување иновативни, енергетски ефикасни решенија за греење, ладење и снабдување со топла вода. Со користење на напредни технологии, како што е DC инвертер и EVI компресор, нудиме висококвалитетни производи кои ги задоволуваат потребите на нашите клиенти дури и во екстремни климатски услови.
Наша визија е да бидеме водечки снабдувач на еколошки прифатливи и економични топлински пумпи во регионот, овозможувајќи им на нашите клиенти долгорочно намалување на енергетските трошоци и позитивен придонес за животната средина.
Горди сме на нашата понуда од топлински пумпи со најсовремена технологија, вклучувајќи го најновиот модел со EVI компресор. Сите наши производи користат R32 фреон, кој е еколошки прифатлив и обезбедува поголема ефикасност во споредба со традиционалните системи. Со вградена Wi-Fi контрола и паметни опции за управување, нашите уреди се идеални за модерни домови и деловни простори.

Зошто Манеко?
Ефикасност: Нудиме решенија што значително ги намалуваат трошоците за енергија и се прилагодливи на екстремни климатски услови до -30°C.
Квалитет и доверба: Нашите производи имаат 3-годишна гаранција за целиот систем и 5-годишна гаранција за компресорот.
Поддршка на клиентите: Пружаме целосна техничка поддршка и редовно одржување за сите наши уреди.
Технологија на иднината: Нашите системи се опремени со најновите решенија во областа на греењето и ладењето, како што се DC инвертер и Panasonic twin rotary компресор.
